Мегафон

После 70 години „Танец“ е на пат да добие своја сала

После 70 години „Танец“ е на пат да добие своја сала

На иницијатива на директорот на Н.У. „Танец“, Мартин Вучиќ, на 72. владина седница одржана на 23 јуни 2020 година, беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом на една од најстарите културни институции во државата. Се работи за обемен елаборат врз кој раководството на “Танец“ работеше интензивно во изминатиот пандемиски период.

Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да предложи соодветно решение до владата за проблемот со кој се соочува Националната установа, ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“. Со тоа, конечно, после 7 децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност како најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура, воопшто.