Мегафон

Полскиот блек метал бенд „Мгла“ во МКЦ

Полскиот блек метал бенд „Мгла“ во МКЦ

Врвот на копјето на полската блек метал сцена доаѓа во Скопје во септември.
Со кожни јакни, качулки и без лица, Мгла го носат со себе духот на најтемното подземје.
Нивниот последен албум Exercises in Futility е монументално ремек дело на безвременски блек метал.
Нема потреба од повеќе зборови, едноставно Мглата треба да се осети на своја кожа!
Martwa Aura I Dagorath се бендовите кои ќе го отвараат ова чудо.
Продажбата на влезници е почната од понеделник од 12 часот.
Цената во претпродажба е за 30%  поевтина отколку на денот на концертот после 18 часот, кога  цената се менува и е поскапа за  30 % од претпродажната.
Влезниците може да ги купите на билетарата на МКЦ и онлајн на
https://bileti.mkc.mk/
И вo продажната мрежа на https://mktickets.mk/event/mgla/