Мегафон
Ова се пораките

Полн со планови и живот: Последните часови пред смртта Влатко им пишал на Билбилов и Елена Ристеска

Полн со планови и живот: Последните часови пред смртта Влатко им пишал на Билбилов и Елена Ристеска

Денеска на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров ќе биде погребан македонскиот пејач и актер Влатко Илиевски кој во петокот нешто пред полноќ беше пронајден мртов во својот автомобил.

Социјалните мрежи се преплавени од негови фотографии, песни, анегдоти… како и неверување дека повеќе не е меѓу нас.

Пред само четири дена наполни 33 години, повод за кој илјадници негови пријатели и обожаватели му посакаа здравје, среќа, љубов, но за голема жал тоа траеше само неколку дена од неговиот прерано згаснат живот.

Дека истиот ден пред да почине бил полн со планови и идеи за понатаму, како и секогаш, потврдуваат и пораките кои им ги напишал на Елена Ристеска и Роберт Билбилов.

Со Елена сакал да сними дует кој го планирале многу одамна, а пак од Роберт побарал песна, да се видат и дека е слободен, дури и веднаш.

Ваквите приватни пораки, Елена и Роберт ги објавија јавно, неверувајжи дека повеќе го нема Влатче!

 

пораката со Елена

пораката со Роберт