Мегафон
in memoriam

Погребан режисерот и сценарист Богдан Поп Ѓорчев

Погребан режисерот и сценарист Богдан Поп Ѓорчев

Вчера, 17 мај 2020 год.  беше погребан познатиот македонски телевизиски и театарски режисер Богдан Поп Ѓорчев, кој почина ден порано.

Негов најпознат ТВ проект е ТВ серијата „Трст виа Скопје“. Поп Ѓорчев беше и сценарист и режисер на оваа телевизиска серија во продукција на Македонската телевизија.

Режисер е на играните филмови „Поштар“, „Јагне на ражен“ и „Исчекување“ и на ТВ сериите „Случки од животот“ и „Еурека“.

Роден е во 1956 година, а дипломирал на Академијата за филм во Москва.