Мегафон

Почнува „Штипско културно лето 2019“

Почнува „Штипско културно лето 2019“

Оперски ансамбл од градот Осијек од Република Хрватска ќе го отвори годинашното 34. „Штипско културно лето“ (ШКЛ). Кирил Панајотов, советник за култура во општина Штип, вели дека во тек се финалните подготовки за почеток на најстарата штипска културна манифестација.

„На 29 јуни ќе се реализира 34. издание на ШКЛ со свечено отворање во уметничката галерија Безистен со оперски ансамбл од Хрватска кои ќе ја изедат ’Боеми’ од Џакомо Пучини. Манифестацијата ќе трае еден месец, а од другите содржини би можеле да ги издвоиме гостувањата на музички артисти од Аргентина, Хрватска, Србија и нормално од нашата држава“, вели Панaјотов.

Штипската публика годинава на ШКЛ ќе го види и театарскиот ансамбл од Врање, потоа претстави од Народниот театар-Штип, а во рамките на оваа манифестација ќе се одржи и третиот по ред Интернационален фестивал на пејачки групи. Првично беа предвидени 17, но сега пред самиот почеток на манифестација најавено е дека ќе има вкупно 25 содржини.

Освен ШКЛ, во тек се и подготовките за фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој е во фаза на комплетирање на композииците, а останатите технички подоготовки се во завршна фаза. „Макфест“ оваа година ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври.