Мегафон

Почнува ЕУРО 2020, дознајте кој е Скилзи (ВИДЕО)

Почнува ЕУРО 2020, дознајте кој е Скилзи (ВИДЕО)

Вечерва, петок, 11 јуни 2021 година,  од 21 часот стартува Европското фудбалско првенство со натпреварот Турција-Италија кој ќе се игра на „Олимпико“ во Рим и е од 1.коло во А-групата во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс.

На ЕВРО 2020 за прв пат во својата историја ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите рисови“ дебито на континенталните првенства ќе го имаат в недела од 18 часот против Австрија во Букурешт како дел од Ц-групата каде се сместени и репрезентациите на Холандија и на Украина.

Скилзи е официјалната маскота за ова Европско првенство која беше претставена во мај 2019 година.

Маскотата симболизира хуманоид во слободен стил на фудбал, како и културата на уличниот фудбал пана. Скилзи е претставен од страна на изведувачите на слободниот стил на фудбалот — Лив Кук и Тобијас Бек.

ЕВРО 2020 ќе се игра во 11 града: Рим, Букурешт, Баку, Копенхаген, Санкт Петербург, Лондон, Амстердам, Глазгов, Севилја, Будимпешта и Минхен.