Мегафон
тажна вест

Почина Шарл Азнавур: Замина романтичниот шансониер

Почина Шарл Азнавур: Замина романтичниот шансониер

Легендарниот француски шансониер, пејач и композитор Шарл Азнавур почина на 94-годишна возраст.

Во текот на неговата 70-годишна кариера сними над 1.200 песни на осум јазици, а беа продадени повеќе од 100 милиони копии од неговите албуми.

Азнавур многумина го нарекуваа „францускиот Синатра”, а во неговата кариера  покрај музиката, оствари и над 80 филмски улоги.

Aзнавур е роден на 22 мај 1924 година во Париз, како Шахнур Вахинаг Азнавуријан – син на ерменските имигранти Михаела Азнавурјан и Кнар Багдасарјан. Неговите одители исто така биле уметници и од рана возраст во вовеле во светот на театарот. Почнал да настапува како имал само девет години и наскоро го презел уметничкото име „Азнавур“. Неговата кариера зазела поголем залет кога го забележала Едит Пјаф и го зела со себе на турнеја низ Франција и САД. Беше познат по острите политички позиции по прашањето за ерменскиот геноцид.

Пеејќи на многу јазици (француски, англиски, италијански, шпански, германски, руски, ерменски и португалски), со леснотија настапувал на сите поголеми настани ширум светот. Во седумдесеттите години постигнал голем успех и во Велика Британија со песната „She“, која се искачила на самиот врв на сите листи со најпопуларни песни.

Во својата седумдецениска кариера издал: 51 студиски албум, 21 албум во живо, 122 компилации, 167 синглови и уште многу други изданија, а дел од неговите најпознатие хитови се: „Toi et moi“, „La bohème“, „The Sound of Your Name“ (со Лајза Минели), „Une vie d’amour“ (со Миреј Матје), „Hier encore“, „Sur ma vie“, „Non, je n’ai rien oublié“ и многу други.

Азнавур беше активен на сцената се до последните денови од својот живот и годинава требаше да одржи повеќе концерти.

Извор:РадиоМК