Мегафон
тажна вест

Почина Роналд Бел, „моторот“ на легендарните „Kool & The Gang“ и автор на нивните мегахитови (ФОТО)

Почина Роналд Бел, „моторот“ на легендарните „Kool & The Gang“ и автор на нивните мегахитови (ФОТО)

„Kool & The Gang“ беше една од најпопуларните фанк групи од 70-тите и почетокот на 80-ите години, чии хитови сè уште можат да се слушнат на подиумите низ целиот свет.

Бендот има освоено две Греми и седум Американски музички награди во текот на својата кариера. Во нивните најдобри денови, тие имаа дури 25 најдобри топ 10 хитови на R’nB, девет поп хитови на Топ десет и дури 31 златен и платинест албум.

Роналд Бел почина ненадејно на 68-годишна возраст во неговиот дом на американските Девствени острови. Сè уште не е утврдена причината за смртта.

Бел ја основал групата „Jazziacs“ во 1964 година со неговиот брат Роберт ’Кул’ Бел и пријателите Спајк Микенс, Денис Томас, Рики Вестфилд, Џорџ Браун и Чарлс Смит. Групата ќе го смени своето име во „Kool & The Gang“ во 1969 година, во која Роналд Бел беше моторот на бендот што изведуваше мешавина од фанк, соул и R’n’B, и автор на бројни хитови на групата како што се: „Celebration“, „Jugle Boogie“, „Cherish“, „Fresh“, „Summer Madness“, „Open Sesame“… итн.

За време на нивната кариера, тие имаат издадено 24 албуми со многубројни хитови.

Фото:  Sun/Инстаграм принтскрин – koolandthegang

Видео:  You Tube