Мегафон
тажна вест

Почина режисерот и професор на ФДУ Златко Славенски

Почина режисерот и професор на ФДУ Златко Славенски

Денес, (понеделник, 8 април 2019)  ненадејно почина истакнатиот македонски театарски режисер и професор на ФДУ, Златко Славенски, на 53 годишна возраст.

Магистар Златко Славенски, беше редовен професор по театарска режија на Факултетот за драмски умености.

Ги поставувал Шекспир, Гете, Харолд Пинтер, Достоевски, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски. Важеше за посветен истражувач на новите тенденции во театарот како медиум.

Ќе остане запомнат по бројните претстави кои ги остави зад себе: Безљубни, Кавкаски круг со креда, Сината птица, Бесови, Розенкранц и Гилденстерн се мртви, Амадеус, Време за сонување, Собрани дела на Вилијам Шекспир, Соларис, Папокот на светот и други…

Неофицијално, му се слошило на час, додека предавал на студентите на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што беше вработен како вонреден професор и шеф на катедрата по театарска режија.

Славенски беше во брак со актерката од МНТ, Искра Ветерова со која имаа две деца.