Мегафон
тажна вест

Почина познатата актерка, некогашна Бонд девојка и дел од „Чарлиевите ангели“ (ФОТО)

Почина познатата актерка, некогашна Бонд девојка и дел од „Чарлиевите ангели“ (ФОТО)

Актерката Тања Робертс почина на 66-годишна возраст. На нашата публика и е позната по улогата во продолжението на филмовите за Џејмс Бонд, кога го играше прославениот Роџер Мур  „Поглед кон убиство“ ( “A View to a Kill”).

Тања вечерта се вратила дома откако била да ги прошета своите кучиња, а по некое време се онесвестила. Веднаш била хоспитализирана, но лекарите не можеле да и помогнат. Причината за смртта е сè уште непозната, но потврдено е дека не станува збор за коронавирус.

Тања играше во многу хумористични серии и филмови од седумдесеттите и осумдесеттите, а можеби е најпозната по улогата во серијата „Среќни седумдесетти“.

Таа исто така глумеше во познатата серија „Чарлиевите ангели“. Беше во брак со Бери Робертс од 1974 година до 2006 година, кога тој почина, а двојката немаше деца.

Фото: Инстаграм принтскрин/realtanyaroberts