Мегафон
Тажна вест

Почина пејачката Марина Пухариќ

Почина пејачката Марина Пухариќ

Пејачката Марина Пухариќ почина вчера на 66 годишна возраст. Посмртните останки на Марина ќе бидат изложени денес во капелата на гробишта во Бутел од 13.30 до 14 часот.

Марина Пухариќ е пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика. Ќе останат запаметени нејзините композиции: „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни: „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и песните од забавната музика: „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“, „Помина време“.

Има соработувано со композиторите Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров, Јанко Узунов… Беше дел од групата „Македонија“, како и од женската пејачка група „Сирма“. Талентот го имаше наследено од својата тетка, Нина Спирова.

Целиот свој работен стаж, Марина Пухариќ освен во музиката, го посвети и како наставничка по предметите физика и хемија.