Мегафон
тажна вест:

Почина младиот 27-годишен хрватски актер

Почина младиот 27-годишен хрватски актер

Во неделата, на 27 години, почина еден од најталентираните млади хрватски актери, Роберт Будак. Во саботата вечер, публиката можела да го види на сцената на домашниот театар – ЗКМ, каде што остварил направи извонредни улоги.

Тој настапил во драмите “Шерлок Холмс”, “Алиса во земјата на чудата”, “Ромео и Јулија”, “Тит Андроник” и “Здрав и чист дом” во ЗКМ.

Во 2017 година ја добил наградата за најдобар млад хрватски актер за улогата во претставата “Таксиметар” на Горан Војновиќ, во режија на Матко Рагуж и продукцијата на Театарски излез од Загреб.

фото: Борна Филиќ