Мегафон
тажна вест

Почина македонската музичка легенда Зафир Хаџиманов

Почина македонската музичка легенда Зафир Хаџиманов

Почина познатиот македонски пејач, композитор, глумец и поет Зафир Хаџиманов. Српските медиуми јавуваат дека починал како последица од компликациите од коронавирус.

Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци. Син е на еден од опрвите повоенио етномузиколози и своевремено уреник на редакцијата за народна музика во ради Скопје, Васил Хаџиманов. Завршил гимназија и музичка школа во Скопје. Во 1967 година дипломирал глума во Белград, откако претходно запишал фармацевтска школа.

Зад себе Хаџиманов оставил 5.000 записи од македонски забавни и изворни песни. Речиси целиот живот го минува во Белград.

Хаџиманов ги испеал познатите „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“. Во 2007 година бил промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

Глумел во неколку филмови меѓу кои и „Македонска крвава свадба“. Учествувал на многу фестивали во поранешна Југославија.

Неговиот  син Васил Хаџиманов кој е познат џез музичар ја продолжи семејната традиција на семејството хаџиманови. Беше во брак со познатата Сенка Велетанлиќ, српска пејачка и актерка.