Мегафон
тажна вест

Почина легендарниот рок-блуз гитарист Питер Грин: Замина белиот „блуз албатрос“

Почина легендарниот рок-блуз гитарист Питер Грин: Замина белиот „блуз албатрос“

Kоосновачот на  легендарната рок група „Флитвуд Mек“, и еден од нај добрите бели блуз гитаристи Питер Грин, вчера, 25 јули 2020 год. рано изутрина починал „мирно во сон“ на 73-годишна возраст.

Во изјавата на правните застапници во име на неговото семејство, се вели: „Со голема тага семејството на Питер Грин ја објави неговата смрт овој викенд. Дополнителна изјава ќе биде дадена во наредните денови“.

Грин, влијателниот блуз рок гитарист од источен Лондон, го формираше „Флитвуд Мек“ со тапанарот Мик Флетвуд во Лондон во 1967 година. Следната година групата го објави истоимениот деби албум, со широко распространето признание и достигнувајќи го четвртото место на топ-листите.

Групата издаде уште два албума заедно со него, а потоа Грин замина од неа, по последниот настап во 1970 година, поради проблеми со менталното здравје, велејќи дека го напуштил музичкиот бизнис „за лична слобода“, откако ги напиша многу саканите песни „Албатрос“, „Човек на светот„ и „О, па“.

Mу беше дијагностицирана шизофренија ( SCH) и го минуваше времето во болница подложен на терапија во текот на средината на 1970-тите, подоцна признавајќи дека можеби претерал со конзумацијата на халуцигената дрога ЛСД. Но, тој се врати со настапи во 90-тите години, откако претходно работел како гробар и на бензинска пумпа.

Претходно оваа година, уметници, вклучувајќи ги Мик Флитвуд, Дејвид Гилмор од „Пинк Флојд“, Били Гибонс од „ЗЗ Топ“ настапија на лондонскиот „Паладиум“ за време на свирка што ги славеше раните години на „Флитвуд Мек“ и нејзиниот основач Питер Грин.

Останати вести од Мегафон