Мегафон

Почина легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ

Почина легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ

Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ утрово околу 5ч  починал на 71 година во болница во Сплит. На пејачот пред една година му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Оливер зад себе ја остави својата сопруга Весна со која беше во брак 44 години, синот Дино, близнаците Дамир и Давор.

Познатиот пејач дознал дека има рак на белите дробови во август претходната година кога му се слошило на прослава кај еден пријател. Покрај дијагнозата тој секогаш наоѓал време за семејството, пријателите и музиката. Уморот не го спречи да ги подготви своите последни концерти кон крајот на претходната година.

„Деновите ги поминувам дома, свирам и пејам. Наутро знам да станам, да ја земам гитарата и да свирим по цел ден. Не ми е тешко, тоа ми е рекреација“, изјави пејачот на почетокот на годината.

Оливер ќе остане запамтен по хитовите „Цесарица“, „Недостајеш ми ти“, „Вјеруј у љубав“. Исто така има снимено и неколку дуето и тоа со Кемал Монтено, Жељко Бебек, Џибони.