Мегафон

Почина холивудскиот актер Кирк Даглас

Почина холивудскиот актер Кирк Даглас
фото: гуливер гети имагес

Холивудскиот актер Кирк Даглас почина во среда, а оваа тажна вест на социјалните мрежи ја потврди неговиот син, актерот Мајкл Даглас.

„Со огромна тага јас и моите браќа соопштуваме дека Кирк Даглас не напушти, наведе Мајкл. „За светот беше легенда, актер од златната ера на филмот, кој и самиот доживеа златни години, хуманитарец чија посветеност кон правдата и принципите во кои веруваше на сите им станаа стандарди кон кои треба да тежнееме“, додаде Мајкл Даглас.

Kирк зад себе ја остави сопругата Ана Бајденс, како и неговите синови Мајкл, Џеол, Питер и Ерик, како и неговите внуци и правнуци.

Легендарниот актер во декември 2019 година наполни 102 години, а по тој повод имаше само една желба.

фото: гуливер гети имагес

„Има толку многу непријатности. Сакам луѓето едни со други да бидат љубезни и да покажат почит. Имав прекрасен живот и имам фантастично семејство. Благодарен сум на животот за се што ми подари“ изјави тогаш Даглас.