Мегафон
тажна вест

Почина Ѓоко Дончев, доајенот на македонската фолк песна

Почина Ѓоко Дончев, доајенот на македонската фолк песна

Ѓоко Дончев, eден од доајените на македонската народна песна, ненадејно почина вчера, петок 15 јануари 2021 година во Скопје, соопшти денеска неговото семејство.

Дончев беше активен на сцената повеќе од 25 години и со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика и нејзината новосоздадена фолк песна во првата деценија од почетокот на осамостојувањето на република Македонија. Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар човек.

Погребот ќе се одржи утре (недела – 17 јануари, 2021) на градските гробишта Бутел  во Скопје во 12.30 часот .