Мегафон
R.I.P.

Почина басистот на „Прљаво казалиште“, Дубравко Ворих

Почина басистот на „Прљаво казалиште“, Дубравко Ворих

Минатата пролет на музичарот Дубравко Ворих му беше дијагностициран тежок карцином, додека бендот беше на австралиска и американска турнеја.

Денес, легендарниот басист на „Прљаво казалиште“ ја загуби битката со тешката болест и почина во Загреб, на 59-годишна возраст.

Беше еден од најдобрите хрватски басисти, а со „Прљаво казалиште“ свиреше повеќе од една деценија.

По враќањето во Загреб од австралиско-американската турнеја, „Прљаво казалиште“ спремаа спектакуларен концерт на домашен терен кој Ворих во никој случај не сакаше да го пропушти. На лична иницијатива свиреше на тој концерт, а а веќе следниот ден замина на операција.