Мегафон

Почина актерот од серијата „Пријатели“

Почина актерот од серијата „Пријатели“
фото: принтскрин/јутуб

Актерот Рон Либман почина на 82 години како последица од воспаление на белите дробови. Ова тажна вест ја потврди неговиот менаџер .

„Агенцијата „Абрамс Артис“ е  тажна поради смртта на Рон. Тој беше неверојатно талентиран актер во областа на филмот, телевизијата и театарот. Нашите мисли се со неговата сопруга Џесика и семејството“ вели менаџерот во соопштението за медиумите.

Либман е роден во Њујорк, а најпознат е по улогите во филмовите “Slaughterhouse-Five”, “Where’s Poppa?” и “Norma Rae”.

Во серијата „Пријатели“ тој ја имаше улогата на татко на Рејчел Грин.

фото: принтскрин/јутуб

Рон е добитник на наградата  „Тони“ за улогата во театарската претстава „Ангели во Америка“ и „Еми“ за улогата во телевизиската драма „Каз“.

Останати вести од Мегафон