Мегафон
Тажна вест

Почина актерот Марко Николиќ: Ќе остане запаметен по улогата на Гига Моравац од „Бољи живот“

Почина актерот Марко Николиќ: Ќе остане запаметен по улогата на Гига Моравац од „Бољи живот“
фото:E-stock/Miloš Rafailović

Легендарниот актер марко Николиќ (73) кој многу генерации го паметат по улогата на Гига Моравац од серијата „Бољи живот“, почина вчера (02.01.2019). Тажната вест на социјалните рмежи ја потврди неговата ќерка Мина, која објави фотографија со татка си.

Марко Николиќ е роден во Краљево на 20-ти октомври 1946 годна. Глума дипломирал на Академијата за театар, филм,радио и телевизија во Белград.

Член беше на народниот театар од 1970 година. Играше во театар, филм и на телевизија. Телевизиската слава ја стекна со главната улога во ТВ серијата „Бољи живот“ (1987, 1990), како и по улогата караѓорѓе во неколку ТВ драми и во серијата Вук Караџиќ.