Мегафон

Пин ТВ – уживајте цел декември во 20 ексклузивни концерти

Пин ТВ – уживајте цел декември во 20 ексклузивни концерти
Пин ТВ е целодневна програма, спакувана во забавен телевизиски формат, со времетраење од 13 часа.
Карактерот на ПИН е динамичен, а целта е на уникатен начин да ги документира сите случувања од светот на музичката индустрија во изминатиот период. Премиерата на ПИН ТВ ексклузивно ќе се емитува на 13-ти декември (недела), под наслов “24 hour NO party people“, на МРТ 3, како и на официјалните Facebook & Youtube канали на Таксират Фестивал и ПИН.Но, не е само тоа,  Таксират екипата, тивко и дисциплинирано изработи точно 20  концерти! Ќе имате можност да уживате и се забавувате со „Љубојна“, Кирил Џајковски, „Бернајс пропаганда“, „Суперхикс“, Џамбо Агушев и многу други домашни и светски артисти.

Ќе имате можност екслузивно да ги гледате на 13-ти на Пин ТВ, но и цел декември – месец традиционално резервиран за „Таксират“ Скопје ќе биде и домаќин на изведувачи од Уганда, Канада, Словачка, Грција, Чешка, Франција, Белорусија, како и три бенда од земјата фокус на овогодинашниот Пин ТВ– Германија.

Гледајте ПИН ТВ на Таксират #22 – вашиот традиционален филтер на чист воздух.