Мегафон

Пепа Димитрова не престанува со работа

Пепа Димитрова не престанува со работа

 

Една од највредните македонски пејачки во последните години не запира со својата мисија да создава  музика. Пепа  пред неколку дена снимаше видео за нејзината најнова песна “Ти си тој”, која ќе биде промовирана на овогодинешното јубилејно издание на Охрид Фест – Охридски Трубадури .

Видеото се снимаше на неколку локации на преубавото  мавровско езеро, во Леуново и Галичник . Продукцијата Фабрика е задолжена за видеото кое најавува ново свежо издание на Пепа  на која ова и е петти видео запис.

“Уживам навистина многу кога сум во студио или на снимање на видео спот, на почетокот ми беше доста по напорно и тешко, сега мислам дека секој ден можам да сум на снимање и да не застанам со созадање на убава македонска музика и песна, пропратено со 12 часовни снимања на видео записи” .

Со настапите на Охрид фест и Макфест оваа година и промовирање на две нови песни, останува само да се стават на носач на звук и официјално да го имаме првечето на Пепа Димитрова која за овие три години веќе има и повеќе од доволно песни за албум.