Мегафон
фестивали

„Охрид фест – Охридски трубадури 2020“ на 11 и 12 септември на „Долни Сарај“ во Охрид

„Охрид фест – Охридски трубадури 2020“ на 11 и 12 септември на „Долни Сарај“ во Охрид

“Охрид фест” ќе се оддржи од 11-ти септември до 12-ти септември на сцената на „Долни Сарај”, кога Охрид ќе биде местото каде ќе се слуша македонска и балканска музика.

Идејниот творец  на овој познат летен музички фестивал, композиторот Глигор Копров, за музичкиот портал „Музика24“ го изјави следното:

“Фестивалот оваа година ќе се оддржи на 11-ти и 12-ти септември, поради пандемијата со оглед на тоа дека можеме сите протоколи да се спроведеме кои се пропишани, фестивалот ќе се оддржи на сцената Долни Сарај. Таа сцена на Балканот е една од најубавите, со тоа што Министерството за култура поради тоа што таа беше прилично несредена, ја подготви и сега реално на сцената може да се оддржат големи музичко-забавни настани. На 11-ти септември ќе се оддржи фолк вечерта, а следниот ден, 12-ти септември ќе се оддржи интернационалната вечер за која има најавено голем број на гости од соседните земји и од регионот. За жал не може да се предвиди дали сите учесници ќе може да дојдат и присуствуваат поради состојбата во која што се наоѓаме моментално, но се надеваме дека се ќе биде во наша полза“ – изјави Копров.

Од Хрватска во интернационалната вечер своја шоу програма треба да има познатиот пејач Жак Хоудек.

Извесно е дека треба да дојде и добитникот на наградата за промоција на музиката на Балканот – Ненад Нинчевиќ, некогашен  член на сплитската група “Тути фрути бенд”, а треба да дојде и Индира Левак, екс вокалот на денс групата “Колонија”.

На фестивалот треба да се појават и познати пејачи од Албанија, Бугарија, Србија, Словенија, Грција…

Марјана Станојковска и актерот Васил Зафирчев и оваа година во текот на двете фестивалски вечери ќе бидат тие кои ќе го водат, насочуваат фестивалот, ќе најавуваат и забавуваат публиката и со нив ќе започне и заврши “Охрид фест 2020”.