Мегафон
Можно откажување

Одржувањето на Евровизија во Израел неизвесно

Одржувањето на Евровизија во Израел неизвесно

Израелската министерка за култура и спорт Мири Регев изјави дека Израел ако не може идната година да го организира натпреварот за песна на Евровизија во Ерусалим, тогаш треба да размисли и дали воопшто треба да го одржи.

-И препорачувам на Владата дека ако Евровизија не може да биде одржана во Ерусалим, тогаш воопштво да не бидеме домаќини, изјавила министерката по вчерашното откажување на пријателскиот натпревар меѓу Израел и Аргентина.

Таа објаснила дека ова музичко натпреварување ќе го чини Израел околу 14 милиони долари и дека е обмислено да ја промовира земјата домаќин.

-Мислам дека ако Евровизијата не се одржи во Ерусалим, би било погрешно да се инвестираат тие пари. Главниот град на државата Израел е Ерусалим и од тоа не треба да се срамиме, додава министерката.