Мегафон

Од 8-ми јануари детски филмови во „Кино утро

Од 8-ми јануари детски филмови во „Кино утро

Јануари, по обичај, е терминот за детски филмови во „Кино утро“ во Кинотеката. Веднаш по новогодишните и божикните празници најмладата публика ќе има убава можност да проследи десет наслови од поновата продукција на детски филмови.

Програмата „Кино утро“ во кинотеката е составена од детски играни и анимирани филмови, главно од европските продукции – Германија, Данска, Италија, Романија, Австрија, Франција – но и од прочуената јапонска школа за анимација.

„Кино утро“ почнува на 8 јануари, среда, а сите филмови се од 12 часот. Ќе бидат прикажани „Рафи“, „Улица на надежта“, „Центарот на мојот свет“, „По стапките на мојот татко“, „Господинот Мол и фабриката за чоколодо“, „Помош, ги смалив родителите“, „Мираи“, „Хакер“, „Двојна неволја и магично огледало“ и „Момчето фантом“.

Влезницата за сите филмови е 100 денари.