Мегафон

Oд 29-ти мај до 2-ри јуни во Скопје ќе се случува „Ентерфест“

Oд 29-ти мај до 2-ри јуни во Скопје ќе се случува „Ентерфест“

Од 29-ти мај, па сè до 2-ри јуни, Скопје влегува во поинаква музичка димензија. Во надворешниот и внатрешниот дел на спортскиот центар Борис Трајковски, започнува најголемиот музички хепенинг за љубителите на фестивалите, наречен ЕНТЕРФЕСТ.

На двете сцени ќе ве забавуваат добро познати музички имиња, како од нашата музичка сцена, така и од целиот регион. Скопје конечно може да се гордее со вистински фестивалски спектакл, нудејќи му го на нашиот град она што недостасува.

Петдневната фестивалска еуфорија има за цел да ги соедини сите љубители на музиката и да понуди програма за сите вкусови и возрасни граници, па поради тоа, репертоарот на ЕНТЕРФЕСТ изобилува со најразлични музички правци. ЕНТЕРФЕСТ отвора можност за добра забава и вистинска фестивалска атмосфера за кои изминатите години сите љубители на квалитетната музика сонуваа.

На сцената на ЕНТЕРФЕСТ во текот на овие пет музички дена ќе настапат: Ера Иштрефи, Ван Гог, Бед Копи, Дивље Јагоде, Дадо Топиќ, Партибрејкерс, Тамара Тодевска, Атомско Склониште, ПМГ, Гоце Саф, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Ај Кју, Фолтин и уште 70 други изведувачи.

Со оглед на големината на овој музички проект, ангажирани се 1000 луѓе кои ќе бидат задолжени за беспрекорното функционирање и движење на големата публика која ќе присуствува.

Врвната техничка опрема, специјалните светлосни ефекти кои ќе го осветлат цело Скопје, и звук каков што досега не е чуен на овие простори, ќе направат овие 5 денови Скопје да дише во ритамот на ЕНТЕРФЕСТ.

Билетите се веќе во продажба,  за петдневен влез на фестивалот. Истите може да се купат онлајн на MkTickets, нивната продажна мрежa, како и во локалите на Trend Caffe , Next Bar & FoodMr.JackCali Café , Kalabalak Park, Custom Pub во Скопје и Bar Cube, Министерство и Бар Трговски во Куманово.

Ова лето нека започне во ритамот на најпознатите евергрини и најголемите музички хитови на денешницата. Не ја пропуштајте можноста да бидете сведоци на најголемиот музички спектакл на кој ќе присуствуваат најпознатите музички изведувачи од целиот регион. Изберете музика, изберете уживање, изберете ЕНТЕРФЕСТ.