Мегафон

Од 21 до 24 мај: „Sea Star“ стрим-фестивал 2020

Од 21 до 24 мај: „Sea Star“ стрим-фестивал 2020

Четвртиот „Си Стар“ (Sea Star) Фестивал официјално е одложен за 2021 година, но организаторите од тимот на „ЕГЗИТ“ се погрижија на датумите кога требаше оригинално да се одржи, од четврток 21-ви до недела 24-ти мај, да го претстават првиот регионален „стриминг“ фестивал! „Си Стар Стрим Фестивал“ (Sea Star Stream Festival) ќе ги донесе настапите на глобалните и регионалните музички херои кои од 2017 до 2019 ја испишуваа историјата на лагуната Стела Марис во Умаг. „Ву-Танг Клан“, „Фетбој Слим“, Нина Кравиц, „Модстеп“, „Дубиоза Колектив“, „Хладно Пиво“, „Бајага и Инструктори“, „Урбан енд 4“, Војко В, „Ниплпипл“, „Спилер“, Умек, Петар Дундов, Марко Настиќ, „Елементал“ и Сасја се музичарите со чии снимки од настапите на двете главни бини на „Си Стар“ – „Адико Тесла“ сцената и „Наутилус“ Арената – публиката и овој мај ќе може барем виртуелно да скокне до Умаг.

Настапите ќе се емитуваат во вистинскиот фестивалски формат и саатница, од четврток до недела со почеток во 19:00 и 19:30 часот.

Четврток, 21 мај
19:30 – Vojko V
20:35 – Nipplepeople
21:30 – Nina Kraviz
23:45 – Spiller

Петок, 22 мај
19:00 – Sassja
20:00 – Modestep
20:40 – Wu-Tang Clan
22:00 – Umek

Сабота, 23 мај

19:00 – Hladno Pivo
20:00 – Bajaga i Instruktori
21:30 – Fatboy Slim
23:10 – Petar Dundov

Недела, 24 мај
19:00 – Elemental
20:00 – Urban & 4
21:00 – Dubioza Kolektiv
22:30 – Marko Nastić

Сите снимки ќе бидат емитувани на официјалните интернет и „Фејсбук“ страници на „Си Стар“ Фестивалот.

Четвртото издание на „Си Стар“ со комплетната досега потврдена програма, доби нови датуми во 2021 година. Новиот фестивалски термин е уште подобар, бидејќи е една недела поблиску до летото, па во петок на 28 мај и сабота 29 мај 2021 година, публиката ќе ги дочека еден од најголемите хип хоп состави во историјата „Сајпрес Хил“ (Cypress Hill), техно-суперѕвездата Амели Ленс (Amelie Lens), италијанската хит-сензација „Медуза“, најголемиот бенд од нашиот регион Дубиоза Колектив, словенскиот електронски маг Умек, раперското величество Војко В и уште многу други кои можете да ги погледнете на официјалните страници на Фестивалот! Сите купени влезници, превози и сместувања важат и за 2021-ва, а сите купувачи на кои новите датуми не им одговараат ќе можат да остварат рефундација. Тимот на „Си Стар“ со ова стана и единствениот фестивал во Хрватска, но и целиот регион, кој со новите датуми има и потврда на настапите на сите претходно потврдени изведувачи, а организаторите најавуваат дека овој список и дополнително ќе се проширува.