Мегафон
мода

Од 1-ви до 4-ти ноември: Моден викенд во Скопје

Од 1-ви до 4-ти ноември: Моден викенд во Скопје

Од 1 до 4 ноември на две локации во градот ќе се одржи осумнаесеттото издание на „Моден викенд – Скопје 2018“. Македонски и дизајнери од регионот ќе ги претстават најновите колекции на тема „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“.

Четиридневното модно случување ќе го отвори дизајнерката Лидија Георгиева во „F.A.M.E.’S“.

На 2 ноември вечерта ќе започне со модната инсталација и перформанс на дизајнерката Ана Скодбо и стилистката Ребека Рој од Британија. Следи ревија на дизајнерката Ирина Тошева. Првпат ревија ќе има дизајнерката Теодора Митровска со колекцијата We Are Not Machines. Колекција вечерта ќе презентира и Кренаре Ругова. Втората вечер ќе заврши со колекцијата Full of Grace на дизајнерката Силвија Миха.

На 3 ноември модна ревија ќе имаат студентите од академијата „Џолев и уметности“. Следна е ревијата на накит на SIGMA и на нивната најнова колекција Future Now. По ова се моделите на Matrons dresses кои првпат се претставуваат во Македонија. Вечерта ќе заврши со ревијата на Олгица Ѓоргиева и нејзината нова колекција Bridges.

Крајот на есенското издание на Моден викенд Скопје ќе го одбележат ревиите на Еrror kolektiv, па ревијата на Сара Реџиќ, а вечерта ќе заврши со ревијата на Александра Јовановска со ревијата „Архетип“.