Мегафон
фестивали

Објавен конкурсот за „Лешочки фолк фест 2021“

Објавен конкурсот за „Лешочки фолк фест 2021“
ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2021-та  ќе се одржи традиционално и оваа година на 27-ми Август во Лешок!
Продолжувајќи ја музичко-културната традиција од изминатите години, на 27 август 2021 година, во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок, ќе се одржи новото издание на фестивалот на македонската песна „ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2021„. Единствената автентична културна манифестација која се одржува во овој крај на Македонија, со својот концепт и идеја на творештво и оваа година настојува да го заштити и афирмира македонскиот фолклор, како дел од македонската културна традиција.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
На конкурсот може да учествуваат сите домашни автори и изведувачи кои ја афирмираат и изведуваат новокомпонираната песна во духот на македонското фолклорно творештво, почитувајќи ја уникатната македонска мелоритмика и музички израз. Песните може да обработуваат теми од свадбарски, чалгаџиски, родољубив и љубовен карактер.
Секој автор кој е заинтересиран да конкурира на фестивалот, потребно е да достави нотен запис, со впишани хармонски симболи, стихови, како и демо-снимка за секоја песна. Со испраќањето песни на конкурсот, авторите му го отстапуваат правото на организаторот песните да ги печати, за прв пат јавно да ги изведува, да ги сними на носачи на звук и слика, и сите овие права или некое од нив поединечно да ги пренесе на трети лица. Организаторот го задржува правото преку својата стручна комисија да врши евентуални мелодиски, ритмички, хармонски и текстуални корекции. Доколку на конкурсот не пристигнат доволен број на квалитетни трудови, организаторот го задржува правото истите да ги обезбеди по пат на нарачки.
Рокот за доставување на песните е 20 јули 2021 година.
Песните може да се испратат на електронската е-меил адреса: leshochkifol[email protected]
Дополнителни информации и контакт на телефоните: 070 262 355, 078 318 298 и 076 493 783  – порачуваат организаторите на Лешочки Фолк Фест.