Мегафон

Ново издание на Винодонија 2019

Ново издание на Винодонија 2019

Нова винска есен, нова Винодонија!

Со голема возбуда и многу среќни Ви го најавуваме годинешниот Скопски вински салон — Винодонија 2019!

Четвртото издание на единствениот и престижен вински салон во Македонија ќе се одржи на 29-ти и 30-ти Ноември во хотел Marriot, во проширена и збогатена форма и содржина.

Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години.

Ќе се запознаете со 50 винарии, македонски и странски и нивните 450 етикети кои што ќе ве прошетаат од Демир Капија до Трентино.

Дојдете на Винодонија и споделете ја вашата винска страст!

Линк до настанот