Мегафон

Новиот албум „Taftalidze Schuffle“ на Влатко Стефановски објавен и на ЛП плоча

Новиот албум „Taftalidze Schuffle“ на Влатко Стефановски објавен и на ЛП плоча

Набргу по објавувањето на новиот студиски албум на Влатко Стефановски насловен „Taftalidze Schuffle“ на ЦД, сега албумот го има во ново издание и тоа на винил. Албумот, кој го зазеде првото место на неделната топ-листа на најпродавани изданија во Хрватска и со тоа го оправда статусот на еден од најочекуваните во 2020 година, фановите ќе можат да го слушаат винил од 180 грама, кој доаѓа со картички за преземање со mp3 верзии на сите песни. Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и населбата Тафталиџе, која има посебно место во неговото срце. Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстот и аранжманот, како и продукцијата на сите 9 нумери, ги потпишува Влатко.


Специјалниот ритам на албумот го дава младиот ритамски дел кој во оваа прилика му се придружи на Влатко, а го сочинуваат неговиот син, Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара. На албумот присуствуваа бројни музичари гости кои дадоа неизмерен придонес во музиката на Влатко. Одличната Андријана Јаневска ги отпеа придружните вокали, Теодосиј Спасов свири делови на труба инспирирани од Мајлс Дејвис, а Тихомир Поп Асановиќ свиреше на Хамонд оргуљи, Матија Дедиќ свиреше пијано на една песна, додека Васил Хаџиманов, Кирил Џајковски, Дамир Имери и Диран Тавитјан свиреа на клавијатури. Славниот актер Никола Ристановски имаше рецитал во песната „Дијаспора“.
Винилното издание на Влатко Стефановски може да го купите по цена од 139 куни на сите продажни места на Кроација рекордс, веб-продавницата Кроација рекордс и на сите дигитални платформи.