Мегафон

Нокаут со „Сакам да живеам“ победи на 35-то издание на Макфест

Нокаут со „Сакам да живеам“ победи на 35-то издание на Макфест
фото: нетпрес

Викендов во Штип се одржа 35то издание на фестивалот на забавни мелодии Макфест 2020.

Поради пандемијата со коронавирусот,  фестивалот се одржа на отворено односно на плоштадот Слобода.

На натпреваруварска вечер на сцената се претставија 24 познати реномирани имиња, но и млади нови пејачи кои ги изведоа своите нумери.

Победата ја однесе Нокаут со песна „Сакам да живеам” и освои награда во висина од 5000 евра.

Фoто: принтскрин/инстаграм

На второ место се најде Ѓоко Таневски со песната „Ден по ден“ и освои награда од 3 000 евра,  а Омер Џаферовски со песната „Ако те изгубам“ го освои трето место и награда од 1 000 евра.

Наградата за најдобар дебитант отиде во рацете на Полина која ја изведе песната „Сѐ се врти во круг“, а наградата за најдобар сценски настап ја освои Виктор Апостоловски за песната „Срца камени“.

Изборот на наградите го направи стручното жири, составено од познати македонски музички имиња, актери…

Јубилејното 35 издание на музичкиот фестивал „Макфест“ се одржа со мерки за заштита од Ковид 19.