Мегафон

Незапаметен интерес за концертот на Лозано во Скопје

Незапаметен интерес за концертот на Лозано во Скопје
„Задоволство ни е да ја споделиме со Вас актуелната состојба околу концертот на Лозано во Скопје. Имено, како што и очекувавме, интересот е навистина огромен, а доказ за тоа е дека половина од капацитетот во ВИП Арената е РАСПРОДАДЕН! Влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија. Па така, очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје“  – се вели во најновото соопштение од организаторот на концертот „Авалон продукција“. 
Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на Avalon.mk.