Мегафон

На денешен ден е роден поетот Анте Поповски

На денешен ден е роден поетот Анте Поповски

На денешен ден (3 јуни) е роден Анте Поповски, докажан поетски авторитет, кој уште со првите творечки обиди во раната младост го најави својот редок поетски талент, уникатен израз и лирски сензибилитет. Со текот на времето стана препознаен како врвна поетска вредност не само во македонски, туку и во европски рамки па и пошироко. Напиша бројни безвременски песни и стихови, кои допираат длабоко во душата и сетилата со напластената длабока филозофија и теми за размислување!

За каква поезија, односно уметност, може да стане збор доколку постојат и се поставени граници на изразување, честопати знаеше да прокоментира Поповски пред да го стави во функција својот нескротлив творечки дух.

Заврши Медицински факултет, но животот целосно и го посвети на литературата. Се остваруваше со голем успех како поет, есеист, препејувач и публицист, а беше и член на Извршниот совет на Македонија, директор на „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, претседател на ДПМ во два мандата, претседател на Советот на СВП, член на МАНУ и на Македонскиот ПЕН-центар.

извор: република