Мегафон
книга

На 4-ти април: Олга Петкова промовира прва книга – „Ателјето на Монмартр“

На 4-ти април: Олга Петкова промовира прва книга – „Ателјето на Монмартр“

Првата книга на Олга Петкова, „Ателјето на Монмартр“ ќе се одржи на 4 април во фоајето на кино „Фросина“ во МКЦ – Скопје. Промоцијата започнува во 20 часот.

Дејствието на книгата, главно сместено во Париз, говори за безвременскиот шарм на овој град, за неговиот боемски дух, за вистинската уметност, за квалитетната литература, за добрата поезијата, за естетиката, за љубовта кон убавите нешта, кои остануваат вечни. Низ интензивната љубовна приказна на убавата Русинка Наталија и францускиот сликар Андре, книгата се осврнува и на традиционалните и културолошките разлики меѓу Истокот и Западот.