Мегафон

На 23-ти март Влатко Лозановски со голем концерт во ВИП Арена „Борис Трајковски“

На 23-ти март Влатко Лозановски со голем концерт во ВИП Арена „Борис Трајковски“

После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот, нашиот Влатко Лозаноски да има свој голем солистички концерт во Скопје.

Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот.
Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што  Влатко Лозаноски заслужува ваков третман.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда наутро (13-ти февруари) во 09 часот.

„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“... и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за неговиот концерт ќе биде полна до последно место.