Мегафон
концерт

На 2. јуни 2019: Стинг се враќа во Скопје на Филип Втори Арена!

На 2. јуни 2019: Стинг се враќа во Скопје на Филип Втори Арена!

По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во ВИП арената на 15.10.2017 (во рамките на турнејата „57th & 9th“), Стинг се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена „Филип Втори“.

Во рамките на турнејата „My songs“, која во суштина претставува турнеја со најдоброто од Стинг, музичарот ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „Полис“ (The Police) и од неговата соло-кариера.

„Englishman In New York“, „Fields Of Gold“, „Shape Of My Heart“, „Every Breath You Take“, „Roxanne“, „Message In A Bottle“… се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат, во изведба на една од најголемите рок-ѕвезди на светот на сите времиња.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба оваа среда (19 декември).