Мегафон
Промоција на книга

„Музиката во македонскиот игран филм: Од Фросина до Лазар“

„Музиката во македонскиот игран филм: Од Фросина до Лазар“

Вечерва, со почеток во 20 часот, во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Александар Трајковски, вонреден професор на универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, каде што го раководи Институтот за аудиовизуелни уметности. „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Трајковски претставува прва пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм.

Истражувањата и анализите на Трајковски се дел од неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“, која ја одбранил во 2014 година на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања, под менторство на Ганка Цветанова, која е и рецензентка на книгата. Книгата е во издание на Кинотеката на Македонија, а промоторка ќе биде Ганка Цветанова. Обраќање ќе имаат Владимир Ангелов, директор на кинотеката, и Илинденка Петрушева, уредничка на изданието.

Извор: Нова Македонија