Мегафон
RIP

Музичарите и музичките новинари се збогуваат со Канго, а Принц удри по циниците и лицемерите: „Сега сите RIP легендо… Го разболевте, го умревте човекот…!

Музичарите и музичките новинари се збогуваат со Канго, а Принц удри по циниците и лицемерите: „Сега сите RIP легендо… Го разболевте, го умревте човекот…!
Вчера, 26 март 2018 битката со опаката болест ја загуби уште една македонска уметничка легенда – Симеон Иванов – Канго,  македонскиот рок – музичар и гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ чија цел беше да ја промовира македонската нација, култура, јазик, земја, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ.

Македонската музичка фела и естрадно-музичките новинари преку социјалните мрежи и своите медиуми се збогуваат со Канго. Секој на свој начин, со свој последен поздрав до колегата, уметникот, вечниот рокер, легендата…

Но, Канго не беше само добар музичар туку и прекрасен човек со благородна душа и широко отворено срце за секого, голем родољуб и патриот кој целиот свој живот покрај музиката го посвети на Македонија и македонштината! По едукација правник, посветен родител, татко на три деца.

Сите оние кои го познаваа одблизу знаеа колку е посветен и предаден на овие две нешта: на рок ен ролот и татковината, но и колку е насфатен, не разбран од оние што рок ен ролот или воопшто не го разбираат или не ја сфатиле неговата суштина… Ама затоа ја сфатиле поентата на полтронизмот, па беа во позиција да одлучуваат… по свое!

Токму дел од колегите и музичките новинари кои пак многу добро го разбираа Канго и неговиот музички опус, но и неговата посветеност на нештата надвор од музиката, вчера и денес се простуваат од него.

Така, авторот на Македонската рок енциклопедија и музичкиот новинар Тошо Филиповски објавувајќи ја рачно напишаната подарок песна „Последна желба“ до него од Канго, напиша:

Затоа пак мултимедијалниот уметник – музичарот, композитор, текстописец, продуцент и режисер на видеоспотови Александар Ристовски – Принц, во својот проштален пост не можеше да ги скрие бесот и лутината кон цинизмот и лицемерието на оние кои сега се најгласни и најтрогателни во прошталните пораки до починатиот рокер, а  кога пред две години за прв пат во животот Канго ги доби субвенциите од државата за двете песни: „Аманет“ и „Мала тајна“, истите тие го „распнаа на крст“!

„Сега сите РИП легендо. Го разболевте, го умревте човекот. лесно е да си злобен кон добриот“ – напишал во својот Фејсбук пост Принц!

Еве дел од она што го напишаа и останатите колеги-музичари, новинари и медиумите како последно збогум на Канго – македонската рок ен рол легенда.

Џина Папас – Џокси…

…бендот „Стил тампл“…

…музичкиот новинар Мишко Грбевски…

…гитаристот и музичар Трајче Апостолов…

Последно Збогум на македонскиот Џими Хендрикс… вечниот рокер С.И. – Канго!