Мегафон

Музејот на македонската борба изработи Водич за музејска програма за лица со аутизам

Музејот на македонската борба изработи Водич за музејска програма за лица со аутизам

Во чест на Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, Музејот на македонската борба се придружува кон дигиталните одбележувања на годинашната тема – Музеите за еднаквост – Различност и инклузија.

„По повод Меѓународниот ден на музеите на нашата веб локација е поставен Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства. Наменет е за музејските работници на кои врз основа на научни и практични принципи им се овозможува креирање програми и активности за лицата со аутизам и нивните семејства. Автори на водичот се д-р Јасмина Трошанска, Ана Шикалеска и м-р Данијела Трајкова-Крстиќ. Водичот е изработен на три јазика – македонски, англиски и албански јазик и може да се преземе на https://tinyurl.com/y7svkkqs.
Водичот е дел од активностите во проектот Отворени музеи реализиран во рамки на одбележувањето на 2018 Европска година на културното наследство“ –  соопштија од Музејот.