Мегафон

Музејот на Македонија промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите

Музејот на Македонија промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите

Музејот на Македонија денеска промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите, прва ваква публикација посветена на вработените во музеите.

Автори на изданието се Емилија Георгиева и Сузана Марковска.

„Во музеите секојдневно, во сè поголем број, организирано доаѓаат и лица со попреченост. Водичот ќе им овозможи на вработените во музеите да стекнат основни сознанија за лицата со попреченост и нивните карактеристики, подобрување на пристапот до музејските поставки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица, како и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа“ соопштија оод Музејот на Македонија.