Мегафон
120 потенцијални пијано мајстори

Млади пијанисти од четири држави ќе се натпреваруваат во Гевгелија

Млади пијанисти од четири држави ќе се натпреваруваат во Гевгелија
Steven Goodwin- preserving the music66692.JPG

На меѓународниот натпревар за млади пијанисти од регионот, кој годинава осми пат се одржува во Гевгелија, учествуваат 120 потенцијални пијано мајстори од Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија.

Нивните настапи на пијано во шест категории ќе ги оценува меѓународно жири кое го сочинуваат истакнати професори и пијанисти од Словенија, Србија и Македонија.

– Бројот на учесниците на овој натпревар ја потврдува големата заинтересираност на младите пијанисти од регионот кои токму во Гевгелија гледаат добра можност да ги проверат своите знаења,да се промовираат и секако да добијат признание кое ќе претставува поттик за нивната понатамошна кариера, рече претседателот на организацискиот одбор,пијанистот Глигор Гелебешев.

Тој изрази голема благодарност до жирито кое секоја година ги оценува настапите на младите и перспективни пијанисти и секако на општина Гевгелија која во сите изминати осум години финансиски ја подржува манифестацијата

извор:вечер