Мегафон

„Мелем за душа“ е новиот албум на Стојне Николова

„Мелем за душа“ е новиот албум на Стојне Николова

Струмичанката  Стојне Николова неодамна го најави својот прв албум со авторски песни насловен „Мелем за душа“, кој сега веќе е пуштен во продажба како аудио и видео-албум. Пејачката веста ја соопшти преку социјалните мрежи, објавувајќи видео-најава и фотографија од обвивката на новото издание.

Вистинско освежување на македонската фолк-сцена“, напиша талентираната струмичанка, најпозната по хитовите „Око мое“, „После мене“ и актуелниот „Спремај мајко дарови“.

„Тоа се песни кои што внимателно ги одбиравме со мојот тим и песни за кои можам да кажам дека се навистина квалитетни. Верувам многу во нив и мислам дека ќе дојдат нивните пет минути“,ќе изјави Николова.

„Мелем за душа“ можете да го најдете во „Југотон“ во Скопје, „Зи-Зи Топ“ во Охрид и во „Сенатор“ во Битола.