Мегафон
манифестации

МАН на 16 јуни на Школка во Градски парк

МАН на 16 јуни на Школка во Градски парк

„МАН 2018“ или Македонските алтернативни награди ќе се оддржат по 4. пат на 16 јуни, со почеток во 12.00 па сè до 01.00 часот по полноќ, во Градскиот парк во Скопје, на добро познатата Школка. Оваа година, покрај професионалното озвучување, видео-ѕидот, професионалната бинска опрема, (како и изминатите години), наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена ќе ја примат легендите: „Лева патика“, Васко Атанасоски, „Зијан“, Канго (постхумно), „Клан Исток“, „Ноу нејм нејшн“, „Ројал Аберт хол“, „Розе Кадилак“, „Санс“, Тоше Филиповски, Златко Трајковски – ХИНКИ (постхумно), диџеј Гоце Мастер Г .

На сцената на Школка ќе настапат 27 бендови и артисти меѓу кои: „Меморија“, Горан Трајковски – Готра, диџеј Гоце (С.А.Ф.), Васко Атанасоски (ХаХаХа/Бернајс пропаганда/Ф.П.О.), „Клан Исток“, „Д Далтонс“, „Аутмајнд“, „Ноу нејм нејшн“, „Последен удар“, „Шорт-фјуз хироу“, „Кепурдат“, „Ју“,  „К.У.Р.- Културно Уметнички Работници“, „Мариналеда“, „САМ“, „Мај тир“, „Фул стоп“, „Мен ин а сјут“, „Тотално опуштање“, „Фуснота“, „Ар-џи-би“, „Морфеј“, Ал Алион, „Каин“, Волтер Мани Ал Хакин – Марсо (група Зеро).

Оваа година специјална награда ќе добие и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски и тоа не за успехот на филмот, туку за истрајноста и моќта на креацијата на режисерот кој со минимални средства успеа да го створи своето ремек-дело, што е всушност во корелација на творењето на македонската алтернативна сцена која, иако неподдржана и многупати неправедно минимизирана и исмевана, успева од година во година да реализира и материјализира голем дел од македонската уметност и култура на која потоа, по добиениот кредибилитет во светот и на Балканот, станува препознатлива и праведно вреднувана.

Оваа манифестација, и покрај тоа што не е поддржана од институции или спонзори, сепак наоѓа сили веќе 4. година по ред да ја слави македонската музика, култура и уметност во ова општество каде шундот и квази-елитата сакаат да го наметнат своето господарење.

Затоа на 16 јуни, сабота, во градскиот парк на Школка ве повикуваме на целодневно славење на македонската музика и култура“, порачаа организаторите.