Мегафон
фестивали

„Макфест“ за првпат ќе се одржи под отворено небо

„Макфест“ за првпат ќе се одржи под отворено небо

Градот Штип годинава фестивалот „Макфест“ за првпат ќе го организира на отворено. Одлуката е донесена поради пандемијата и посебните протоколи за организирање на вакви настани.

Градоначалникот Благој Бочварски вели дека „Макфест“ годинава слави 35 години од постоењето. И пред да започне состојбата со корона вирусот сакале овој јубилеј да биде посебен бидејќи тоа го заслужуваат и изведувачите и гледачите.

Поради новонастанатата состојба со Ковид 19 одлучивме за првпат во историјата, фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ да се одржи на отворено. На градскиот плоштад „Слобода“ ќе се одржат две фестивалски вечери.

Првата вечер ќе се слушаат најпознатите стари хитови од „Макфест“ од наши познати изведувачи. Втората вечер ќе биде директно финална вечер каде ќе настапуваат сите оние кои се пријавиле, вели Бочварски.

На Градскиот плоштад „Слобода“ ќе има место за околу 400 гледачи, а фестивалот „Макфест“ се планира да се одржи кон крајот на септември.