Мегафон
свечено и величествено

Македонската естрада со „Небо и земја“ во „Бадниковите поворки“ (ФОТО)

Македонската естрада со „Небо и земја“ во „Бадниковите поворки“ (ФОТО)

Минатата година беше возобновена манифестација „Бадникови поворки“, која на 6 јануари се случуваше низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција која свечено, величествено и достоинствено го најавува Христовото раѓање. Дури по тој повод беше снимена и песната „Вечниот Бог“, која ја изведуваа македонските музички ѕвезди меѓу кои беа и Лозано и Димитар, како и Елена Ристевска, Викторија Лоба, Тамара, Даниел Кајмакоски, Некст Тајм, заедно со Златните славејчиња.

Годинава манифестацијата продолжува да живее, а речиси истата екипа ја снимаше новата божиќна песна и видеоспотот за неа, кој премиерно треба да биде промовиран наскоро.

„Небо и земја“ е насловот на божиќната песна што ја снимија македонските пејачи: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Стефан Филиповски (Некст тајм), Димитар Андоновски, Викторија Лоба и Вера Милошевска-Јосифовска од групата „Љубојна“.

 

View this post on Instagram

 

Со моите драги колеги снимавме преубава божиќна песна “Небо и земја” за која снимаме спот утре и задутре… Едвај чекам да ја чуете , а без Отец Партениј, Сестра Касијана и браќата и сестрите од @bigorskimanastir и манастирот во Рајчица немаше да се сплотиме сите за убава цел-да шириме љубов и позитивна енергија пред празниците… Трета година, трета песна… наскоро концерт, на Бадник 6ти јануари да запееме заедно за благословена идна година, пред црквата Свети Димитриј во Скопје. @stefan_filipovski @dimitarandon #veraljubojna @vlatkolozanoski @victorialoba @luboyna

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

„Со моите драги колеги снимавме преубава божиќна песна ’Небо и земја’, за која снимаме спот утре и задутре… Едвај чекам да ја чуете , а без Отец Партениј, Сестра Касијана и браќата и сестрите од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица немаше да се сплотиме сите за убава цел – да шириме љубов и позитивна енергија пред празниците… Трета година, трета песна… наскоро концерт, на Бадник, 6 јануари да запееме заедно за благословена идна година, пред црквата Свети Димитриј во Скопје“, напишала Еленаа, споделувајќи фотографија на Инстаграм.

Ова е трета божиќна песна од нашата естрада и доаѓа по двете верзии на „Вечниот Бог“, која заедно со новата „Небо и земја“ како  и останатите бадникови песни, коледарските дружини во „бадниковите поворки“  ќе ги пејат и овој Бадник… Свечено и величествено, за радосно и достоинствено најавување на Христовото раѓање.