Мегафон

„Љубојна“ снимаа ново видео за „Севдо ле“

„Љубојна“ снимаа ново видео за „Севдо ле“

Популарната етно-група „Љубојна“ деновиве снимаше ново видео за темата „Севдо ле“, кое ќе биде промовирано наскоро. Судејќи по споделените фотографии, нè очекува уште една одлична екранизација од музичарите, во која главните улоги ги добија актерите Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски.

Новото видео доаѓа во пресрет на концертот што ќе го одржат на 7 август во „Антички тетатар“ – Охрид, кој е предвиден во рамките на годинешното „Охридско лето“.

Бендот годинава ја започна со спектакуларниот концерт со Македонската филхармонија, одржан на 1 февруари, кога публиката уживаше со новите аранжмани на маестро Џијан Емин, а во март од страна на  „Кроација рекордс“ беше објавен и албум со нивните најголеми хитови.