Мегафон

Литературно-музичка манифестација „Креативни точки 2018“

Литературно-музичка манифестација „Креативни точки 2018“

Млади прозаисти и поети ќе учествуваат на четвртата Литературно-музичка манифестација „Креативни точки 2018“, која ќе биде отворена вечер во 20 часот во „Менада“, во организација на Центарот за култура и културолошки студии.

Манифестацијата нуди можност преку заедничка креативна работа творците да ги споделат искуствата и да предложат дела со високи уметнички вредности, кои едновремено засегаат во секојдневното живеење на младата генерација.

– Искуството од претходните три изданија на манифестацијата говори дека таа придонесува за помасовна рецепција на литературното творештво и нуди интересна, интензивна, динамична и раздвижена културна програма, посочува Центарот за култура и културолошки студии.

На манифестацијата ќе биде промовиран и Зборникот „Креативни точки“ со дела од учесниците на претходните три манифестации. Издавач е „МИ-АН“ од Скопје, а ќе го промовираат писателите  Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев.