Мегафон
концерти

„Културно Уметнички Работници“ во МКЦ

„Културно Уметнички Работници“ во МКЦ

Некогашниот патронат на некогашниот „Дом на млади –  25 Мај“, денешен „Младински културен центар – МКЦ“, се одбележува со пригодна програма и концерт во живо на 25 мај 2021 година на единствените „Културно Уметнички Работници“.

Долго време не свиреле во МКЦ, а и се еден од ретките бендови што во изминатиов период немавме можност да го видиме ниту на онлајн-концерт. Ова нема да биде онлајн, туку 50-минутен „Само хитови“ – сет на „К.У.Р.“ во живо, а истиот ќе биде снимен и подоцна емитуван, а можеби и издаден.
Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор, па затоа публиката се моли да  се придржува кон истите. Бројот на посетители е намален  на само 70 седишта, а носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online, преку bileti.mkc.mk