Мегафон
концерт

Култните металци „Soulfly“ со концерт во МКЦ во Скопје!

Култните металци „Soulfly“ со концерт во МКЦ во Скопје!

Таксират Фестивал во рамки на оф-програмата за своето годинашно 21-во издание, го најавува концертот на култните SOULFLY (Соулфлај) кој ќе се одржи на 5-ти август во МКЦ! Славната бразилско-американска метал четворка предводена од неуништивиот Max Cavalera (Макс Кавалера), доаѓа во Скопје во рамки на актуелниот циклус од турнејата за новиот студиски албум „RITUAL“ кој групата го објави лани во октомври!

Повеќе од две децении, SOULFLY ревносно го продолжува својот култен статус со секој последователен албум и турнеја. Во таа смисла и нивното најново, 11-то по ред долгоносечко издание „Ritual“ го остварува ветувањето на легендарното име и ја живее метал церемонијата од највисок поредок со пеколни рифови, громовити перкусии и застрашувачки гролови. Токму  „Ritual“ претставува заокружување на досегашната 20-годишна кариера и воедно ги покажува Soulfly во најсилно издание, а со кој групата доаѓа и пред македонската публика.